spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Интезивни подготовки за старт напроектот е-Фактура

УЈП: Интезивни подготовки за старт напроектот е-Фактура

Во Управата за јавни приходи се прават интензивни подготовки за имплементација на проектот е-Фактура.


Во просториите на УЈП се одржа состанок со претставници од неколку ИТ компании кои развиваат софтвери за поддршка на работењето на домашните фирми во делот на изготвување на фактури.

На состанокот се дискутираше за нивните перцепции и прашања во врска со импликациите што ќе произлезат од прилагодувањето на софтверите кај домашните фирми заради воведувањето на е-Фактура.


ИТ компаниите ја препознаваат е-Фактурата не само како алатка за намалување на даночната евазија, туку и како алатка која ќе има додадена вредност за фирмите.

Изјавија: – “Нема хартија, нема тонери, нема вреќи со фактури по пошта, нема носење фактури на сметководители“.


Воедно, подготвени се активно да соработуваат со УЈП, да ги споделат своите искуства, да дадат придонес во тестирањето и сл.

Извор: Управа за Јавни приходи

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...