spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОПМ: Форум за размена за Европската агенда за младинска работа. Поттикнување на...

НАЕОПМ: Форум за размена за Европската агенда за младинска работа. Поттикнување на националните процеси за развој на младинската работа Конференција – Симпозиум – Форум

Форум за размена за Европската агенда за младинска работа. Поттикнување на националните процеси за развој на младинската работа

Конференција – Симпозиум – Форум (2 учесници)

11-14 ноември 2024 | Лувен, Белгија

Клучните засегнати страни одговорни за спроведување на Европската агенда за младинска работа во нивните земји се поканети на 3-тиот “Форум за размена за Европската агенда за младинска работа: Поттикнување на националните процеси за развој на младинската работа”.

Европската агенда за младинска работа (EYWA) има за цел да ја зајакне и развие младинската работа низ Европа. Нејзиното спроведување се потпира на тековни процеси на национално ниво. Форумот за размена за Европската агенда за младинска работа е годишен настан за резидентни клучни засегнати страни кои ги обликуваат националните процеси во контекст на EYWA во нивните соодветни европски земји.

Претставниците на Националните контакт точки на секоја земја, кои се одговорни за поддршка и управување со националните процеси, се поканети да присуствуваат. Овој повик исто така се упатува до клучните засегнати страни кои го обликуваат развојот на младинската работа и претставници на министерствата одговорни за младите и/или младинската работа и на Националните агенции за младински програми.

ЦЕЛ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА

Целта е да се обезбеди простор за взаемно инспирирање, да се понуди можност за размена и градење на знаење за напредокот постигнат во националните процеси и да се обликува идната соработка и поддршка. Програмата ќе вклучува разновидни елементи и методи, вклучувајќи многу можности за размена, вмрежување, рефлексија, ко-креација, заедничко планирање и истражување на можности за финансирање. Исто така, ќе има говори, интерактивни работилници, дискусии за тематски приоритети, разговори за инспиративни практики и презентација на резултатите од истражување за тековната состојба на националните процеси.

Ова е вистинскиот настан за вас ако не можете да чекате да:

  • научите повеќе за другите национални процеси и да бидете инспирирани од примери од практиката,
  • се вклучите во размена за тематски приоритети,
  • споделувате искуства, успеси и предизвици,
  • најдете нова мотивација во европска група ангажирана во слични задачи,
  • развиете идеи за идни прекугранични соработки и следни чекори,
  • истражувате можности за финансирање. Практични информации

Настанот е наменет за:

  • Младински работници,
  • Менаџери на младински проекти,
  • Креатори на младински политики,
  • Истражувачи на младински прашања

Настанот ќе се одржи во зградата на провинциската влада во Лувен (Белгија). Организаторите се посветени на правењето на настанот што е можно по достапен за сите (на пример, просторот е достапен за инвалидски колички) и што е можно поодржлив.

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Настанот ќе се реализира во периодот од 11-14 ноември 2024  во Лувен, Белгија

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

Патните трошоци и сместувањето се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување, итн…)

Крајниот рок за поднесување на апликации е 23.08.2024 година.

За аплицирање потребно е да ја пополните целосно апликацијата и поднесете на следниов линк:

https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/exchange-forum-on-the-european-youth-work-agenda-boosting-national-processes-for-youth-work-development.12544

Забелешка: Известени и контактирани од страна на домакинот – организатор на транснационалната активност ќе бидат избраните учесници и на резервна листа

ОПШТИ МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2 учесници на обуката и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...