Денеска, австрискиот амбасадор во Северна Македонија, неговата екселенција г. Мартин Памер го посети Министерството за економија и труд, каде што беше пречекена од министерот Бесар Дурмиши.
Првично, министерот му се заблагодари на австрискиот амбасадор за поддршката што Австрија ја дава на патот кон интеграцијата на нашата земја во Европската унија, како и за одличните односи меѓу двете земји.
Дурмиши зборуваше за процесот на дигитализација на услугите, нешто за коешто работи и се залага и австрискиот амбасадор.
На средбата се разговараше и за развојната стратегија на министерството како и за реорганизацијата на Министерството за економија и труд.
Министерството за економија и труд веќе прави напори за креирање на стратегија за економски развој којашто ќе ги олесни процедурите не само за домашните компании, туку и за странските инвеститори.
За поддршка на малите и средни компании, министерството веќе го има објавено јавниот повик за субвенционирање и создавање пофункционален развоен механизам. Од страната на австрискиот амбасадор, министерот Дурмиши доби целосна поддршка и ветување дека истата од пријателската земја ќе продолжи и во иднина со цел подобрување на економијата на земјата.
Извор: Министерство за економија