spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Средба на директорот и на директорот на Инспекторатот за употреба на...

АПЈ: Средба на директорот и на директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците со претставници од Владата

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Гранит Османи, и директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи, во просториите на АПЈ денеска на работна средба го пречекаа заменик-секретарот на Владата на РСМ, Хасим Муртезани и советникот на Владата, Шиќири Коруми. Учесниците на средбата главно зборуваа за текот на работата за што поправедна примена на албанскиот јазик во РСМ.

Двајцата директори ги информираа претставниците на Владата за ограничувањата и овластувањата поврзани со спроведувањето на албанскиот јазик, како и за досегашната работа во унапредување на процесот на двојазичност во РСМ.

Хасим Муртезани од позиција на заменик-секретар на Владата ја понуди сета своја поддршка за примена на албанскиот јазик во јавните државни институции.

На крај, директорот Османи истакна дека АПЈ во случај на потреба секогаш е подготвена да ѝ даде поддршка на Владата со ангажирање на своите преведувачи.

Извор: Агенција за примена на јазикот

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...