HomeМинистерстваМДТ: Гроздановски на Младинскиот бледски стратешки форум - Неопходно е решение...

МДТ: Гроздановски на Младинскиот бледски стратешки форум – Неопходно е решение кое ќе обезбеди двојна победа – мотивирани административци и задоволни граѓани

spot_img
spot_img

Мирослав Гроздановски, дел од кабинетот на Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, на Младинскиот бледски стратешки форум презентираше документ кој го изработи во рамки на WeLead проектот на Центарот за извонредност во финансиите (CEF). Документот анализира потенцијални политики за задржување на искусните и дефицитарни кадри во јавната администрација.  

Мирослав Гроздановски посочи дека поради големиот одлив на искусен кадар државата губи значителни ИПА средства, се успорува економскиот раст и стагнира македонскиот евроинтегративен процес. 

” Неопходно е воспоставување на нов фер и транспарентен платен систем кој меѓу другото ќе вклучува и флексибилна компонента која ќе зависи од постигнатите резултати. Нашиот фокус мора да биде на оние кои имаат учинок. На тој начин ќе ги задржиме вредните кадри, ќе  ги забрзаме реформите и ќе имаме позадоволни граѓани.”

Документот, заедно со документите на 7 други учесници е достапен на следниот линк.

Извор: Министерство за дигитална трансформација

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија – 2026 година

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 Предвремени Парламентарни избори во Србија - 2026 година Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија