HomeМинистерстваМЕТ: Во посета Габриел, Претставник во Република Северна Македонија на Европска Инвестициска...

МЕТ: Во посета Габриел, Претставник во Република Северна Македонија на Европска Инвестициска Банка

spot_img
spot_img

Заменикот министер г-дин Марјан Ристески, државниот секретар г-дин Хаким Сума, како и шефот на Кабинет на министер г-дин Беадин Бахадр го известија почитуваниот гостин за реорганизацијата на министерството. Исто така му се заблагодарија за непроценливиот придонес што ЕИБ го дава за поддршка на развојот на виталната инфраструктура, компаниите како и малите и средните претпријатија во нашата земја.

Заменикот министер Марјан Ристески истакна дека сега како Министерство за економија и труд ќе бидеме фокусирани на подобрување на бизнис климата во земјата, поддршка на домашните компании, поддршка на претприемништвото, подобрување на условите за странските инвеститори, како и подобрување и развој на пазарот на труд како нова надлежност која ја превземаме. Акцентот ќе биде ставен на унапредување на  соработката со сите партнери почитувајќи ги механизмите на граѓаните за изразување на народната волја. Како министерство за економија и труд, ќе се залагаме да ги засилиме реформите во делот на подобрување на деловната клима во земјата, со зголемување на транспарентноста за инвеститорите, како еден од нашите најголеми приоритети.

Извор: Министерство за економија и труд

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија