spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Повик за учество во програмата „Study of the United States Institutes“

МОН: Повик за учество во програмата „Study of the United States Institutes“

Министерството за образование и наука известува дека Американската амбасада го објави повикот за прием на апликации за програмата „Study of the United States Institutes“. Програмата е спонзорирана од страна на Бирото за образовни и културни прашања на Стејт департментот на САД, а ќе се реализира преку Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.

Програмата „Study of the United States Institutes“ е интензивна академска програма на ниво на постдипломски студии со интегрирани студиски патувања чија цел е да им овозможи на странските факултети и други научници можност да го продлабочат своето разбирање за американското општество, култура, вредности и институции.  Целта на програмата е да се зајакнат наставните програми и да се подобри квалитетот на наставата за САД во академските институции во странство. Оваа програма, наменета за научниот кадар, ќе се одржува на различни колеџи, универзитети и академски институции низ САД во текот на пет до шест недели почнувајќи од или по јуни 2025 година. За секој институт од програмата предвидени е четиринеделен академски престој и доколку е возможно, до две недели интегрирана студиска посета во друг регион во САД.

Повеќе информации на https://mk.usembassy.gov/susi-program-2024-is-now-open-for-applications-2/

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

МЗ: Нова Медицинска опрема во КБ Битола

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари ја посети Клиничката болница во Битола по повод обезбедена нова медицинска опрема за унапредување на третманот на пациентите. Продолжуваме...