spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Со поддршка на Министерството за животна средина ќе се реконструира фасадата...

Центар: Со поддршка на Министерството за животна средина ќе се реконструира фасадата на ЈУДГ „13 Ноември“ – објект Јасмин

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, во име на општината, го потпиша договорот со Министерството за животна средина за доделување на средства остварени по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски дотации.

Со договорот, Општина Центар од министерството доби на располагање вкупно 2.857.657 денари, кои ќе бидат искористени за активности од програмата за зашитата на животната средина на општината.

Од средствата, 357.657 денари ќе бидат искористени за изработка на Програма за енергетска ефикасност на Општина Центар за периодот од 2021-2024 година, а 2.500.000 денари за реконструкција на фасадата и изведба на термоизолација на фасадни ѕидови на градинката „13 Ноември“ – објект Јасмин.

Општина Центар активно работи на заштитата на животната средина, што е евидентно од зачуваните над 14.000 метри квадратни урбано зеленило со донесувањето на новите 9 ДУП-ови, како и задолжителната обврска за 20% зеленило во секоја нова градежна парцела.

Покрај урбаното зеленило, во изминатите три години се заменети вкупно 77 оштетени лифтови и покриви, а во подготовка е и проектна документација за поставување на фотоволтаици во сите основни училишта во општината, со што значително ќе се намалат сметките за струја и греење во зимските месеци.

Досега енергетски ефикасни фасади и покриви, покрај новото ООУ „Киро Глигоров“, се поставени во основните училишта „Димитар Миладинов“ и „Гоце Делчев“, но и во детските градинки „Р.Ј. Корчагин“ – објект Пепелашка, кој беше целосно реконструиран во соработка со Проектната единица на Министерство за финансии и МСИП проектот, финансиран преку Светската банка.

Заложбите за намалување на загадувањето на воздухот, паметното користење и заштеда на енергија, вклучително и заштитата на животната средина, се видливи од секојдневните активности на општината поврзани со одржувањето на хигиената на уличната мрежа, но и со замената на оштетеното и исушено парковско зеленило, кое е под општинска надлежност.

Извор: Општина Центар

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...