Општина Центар продолжува со изградба на модерни и функционални детски игралишта на повеќе локации што ќе претставуваат нови рекреативни зони за најмладите.
Во тек се градежните активности за изградба на ново детско игралиште во дворот на ООУ „11 Октомври“ каде штона површина од 110 квадратни метри ќе бидат поставени нови реквизити и нова гумирана подлога изведени по најсовремени стандарди за квалитет, безбедност и одржливост. При реконструкцијата ќе биде поставена заштитна ограда, ниско зеленило и нова урбана опрема.
Во наредниот период Општината започнува со изградба на нови детски игралишта во населбата Водно на улицата „Партение Зографски“ и во дворот на објектот „Бели мугри“, клон на градинката „Кочо Рацин“, а целосно ќе се реконструира и игралиштето зад Универзална сала.
Во општинскиот буџет се одвоени 10 милиони денари за реконструкција и санација на детски и спортски игралишта во Центар.
Извор: Општина Центар