Во својство на државен секретар, денеска на работен состанок ги пречекав претставниците на Светска банка со кои разговаравме за анализата на заклучоците од закондавствотот во областа на туризмот, анализата на заклучоците од законодавството во областа на работните дозволи и мобилноста на работната сила, финалниот извештај за Дополнителниот протокол 5 за овластениот економски оператор и финалниот извештај за Дополнителниот протокол 6 за туристичкиот сектор и дозволите за работа во рамки на проектот „Проект за олеснување на трговијата и транспортот во земјите од Западен Балкан“.
Како Министерството за економија и труд, отворени сме да работиме во насока на благосостојбата на граѓаните и создавање што подобри услови за работа за работниците.