spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМицкоски: Во првите 2 месеца обезбедивме 1 милијарда денари за исплата на...

Мицкоски: Во првите 2 месеца обезбедивме 1 милијарда денари за исплата на заостанатите субвенции на земјоделците

„Со ребаланс на Буџетот една милијарда, од оние 3,2 милијарди денари заостанати долгови кон земјоделците веќе е предвидена во ребалансот, а голем дел од оние стари долгови ќе бидат предвидени со Буџетот за следната година покрај тековната исплата на субвенциите“ рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Приоритет на Владата се граѓаните истакна премиерот, затоа целта е да добијат поддршка и земјоделците да бидат исплатени за нивната макотрпна работа на полињата.

„Сето она кое им се должи ќе биде исплатено и тука нема само Македонци или Албанци, тука има и Македонци и Албанци и Срби и Турци и Власи, Роми, Бошњаци и сите буквално земјоделци без разлика на етничката, верската, политичката припадност ќе добијат она што го заработиле со макотрпна работа на полињата и тоа ќе биде наш приоритет, граѓанинот, дециден е тој.

Нема да биде приоритет задоволување на страстите на оние корумпирани политички елити коишто сакаат да испровоцираат нестабилност и инциденти. Наш приоритет ќе бидат граѓаните“, изјави премиерот.

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...