Претседателот Татјана Димитровска и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата на ден 16.09.2024 година во просториите на ДКСК остварија работна средба со г-ѓа Ќиара Бискалди и г-ѓа Катерина Гулисано од Делегацијата на Европска Унија, Политичкиот Сектор во Република Северна Македонија.
На средбата се дискутираше за статусот и законските надлежности на ДКСК, за постигнатите резултати, за тековните и планираните активности и за идните предизвици на ДКСК.
Претставниците од Делегацијата на Европската Унија беа информирани за соработката на ДКСК со другите надлежни институции во Република Северна Македонија како и за потребата од унапредување на истата во насока на имплементирање на препораките и иницијативите на ДКСК.
Претседателот на ДКСК изрази благодарност за долгогодишната поддршка на Делегацијата на Европска Унија за зголемување на ефикасноста во работењето на ДКСК и подготвеноста за понатамошна соработка во предизвиците поврзани со борбата против корупцијата и владеењето на правото.