spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Трибина за важноста од навремено вакцинирање на морбили и хпв

Ѓорче Петров: Трибина за важноста од навремено вакцинирање на морбили и хпв

Вчера Општина Ѓорче Петров се одржа трибина посветена на кампањата за вакцинација против морбили и хпв кај младите генерации.

Ваквите настани се од клучно значење за здравјето на децата и младите изјави градоначалникот Александар Стојкоски.

На трибината учествуваа експерти од здравствениот сектор, вклучувајќи ја д-р. специјалист Соња Ралева од поликлиника Битпазарприм. д-р дерматовенеролог Ленче Нелоска, и претставници од здружението за одржлив развој БИОМ и Светската Здравствена Организација. Тие ги претставија предностите на вакцините и ги разгледаа сите аспекти на нивната важност за заштита од сериозни заболувања.

Градоначалникот истакна дека е важно да ја разбереме улогата на вакцините во заштитата на заедницата и да продолжиме со поддршката на вакциналните програми.

Тој повика сите родители и млади да се информираат, да поставуваат прашања и да се консултираат со медицински професионалци за најдобрите опции за вакцинирање. Здравјето на нашата заедница зависи од нашата заедничка посветеност. Со заеднички напори, можеме да постигнеме значајни резултати.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...