spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Формирање на Здрави Животни Средини

Карпош: Формирање на Здрави Животни Средини

Под мотото „Имунизација за здрави заедници“, жените лидерки од Општина Карпош го одржаа вториот по ред Форум на заедницата во просториите на Факултетот за туризам и менаџмент. 

Проектот се  спроведува во патнерство со Регионалната канцеларија на СЗО и  со поддршка  од  Американската  агенција за развој УСАИД.  По завршувањето на обуката на жените лидерки од општина Карпош, денеска се вклучи и пошироката јавност во локалната самоуправа. 

Во рамки на Форумот, свое  обраќање  имаше   д-р.  Специјалист  по  општа  медицина,  Соња  Ралева,  ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, Диспанзер за имунизација и превенција.  

Таа ги запозна присутните претставници од основните училишта, предучилишни установи  заинтересирани родители и граѓани од Општина Карпош  со главните карактеристики и симптоми на зараза со ХПВ  и морбили, кои  се последиците  од  избегнување  на  редовната  имунизација, како и митовите поврзани со неа. 

Низ јавна дебата се потенцираше потребата од континуирана едукација на населението, отвореноста  и поддршката на Општина Карпош и како најважно,  апелот  до  граѓаните  редовно  да  ги  вакцинираат децата и учениците со цел  да изградиме здрава средина и здраво општество.  

Ниските стапки на вакцинација од ХПВ се причина за пораст на бројот на заболени  девојки  и  жени  од канцер на грло на матката, додека морбилите се опасни по живот за  невакцинираните  деца.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...