HomeМинистерстваМП: Филков- Оцука - Довербата во правосудството е основа за зајакнување на...

МП: Филков- Оцука – Довербата во правосудството е основа за зајакнување на бизнис односите меѓу двете држави

spot_img
spot_img

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со амбасадорот на Јапонија,  Казуја Оцука на која се дискутираше за реформите во правосудството, состојбите во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители , владеењето на правото и борбата против корупцијата.

На Министерството за правда му претстојат многу предизвици чија крајна цел е зголемување на довербата на граѓаните во правосудството. Таа  доверба е основа за зајакнување на бизнис односите меѓу двете земји.
Од страна на Амбасадорот  Оцука беа посочени и идентификувани состојбите во правосудниот систем за кои со министерот се согласија дека се потребни брзи и итни реформи. Беше разговарано за конкретни насоки како да се постави правосудството на независна основа.

Оваа година се навршуваат 30 години од билатералната соработка на нашата држава со Јапонија. Предвидено е во наредниот период таа да се продлабочи како и да се разменат искуства од областа на правото.

Извор: Министерство за правда

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

Аеродром: Нов асфалт на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во Лисиче

0
Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче, каде што по повеќе години,...