spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Целосна поддршка за инвестиции во зелени бизниси

МЖСПП: Целосна поддршка за инвестиции во зелени бизниси

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити учествуваше на Конференцијата: „Бизнис ангели и претприемачки екосистем во Република Северна Македонија. Mожности и предизвици“ на која го истакна значењето што го дава Владата и министерството со кое раководи, на инвестициите во зелените бизниси.

Меџити, поканет на Конференцијата од министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, рече дека Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање му даваат приоритет на зеленото претприемништво и важната улога што ја имаат бизнис ангелите во оваа насока како инвеститори на овие бизниси.

1

„Бизнис ангелите не се само финансиски поддржувачи, туку тие се визионери кои исто така обезбедуваат капитал и менторство во најранливите фази од животот на еден старт-ап бизнис.  Нивните инвестиции промовираат проекти што се занимаваат со итни еколошки прашања – намалување на емисиите на јаглерод, грижа за водата, управување со отпадот и создавање одржливи енергетски решенија“, рече Меџити, додавајќи дека светот се соочува со итна потреба од еколошки решенија, а токму зелените бизниси растат со иновативните идеи.

Првиот вицепремиер Изет Меџити додаде дека ги поддржува бизнис ангелите во зелените сектори, бидејќи го тие го премостуваат јазот помеѓу иновативноста и реализацијата, инвестираат во високоризични сектори со зелена технологија, која традиционалните инвеститори можат да ја избегнат.

„Бизнис ангелите овозможуваат револуционерни технологии, како што се обновливи извори на енергија, еколошки материјали и иновации за заштеда на вода, и затоа сме посветени на создавање екосистем кој не само што ги поддржува претприемачите, туку исто така ги овластува бизнис ангелите да направат влијателни инвестиции во зелени бизниси – рече Меџити.

2

Денешната конференција ја организираше Министерството за економија и труд, во соработка со ЕУ делегацијата во Скопје, а на неа учествуваа владини претставници, стопански комори во земјава, академици и бизнисмени, кои беа вклучени во неколкугодишниот проект насловен „Корпоративна општествена одговорност и бизнис ангели – движечка сила за приватниот сектор“, која има за цел да го зголеми бројот на компании со еколошки дејности.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте