spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЈА: Министерот Минчев оствари средба со Карлебах, консултантка за реформа на јавната...

МЈА: Министерот Минчев оствари средба со Карлебах, консултантка за реформа на јавната администрација, DMS системи и антикорупција од Националниот демократски институт во Република Северна Македонија

Денеска, Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со Тања Карлебах, консултантка за реформа на јавната администрација, ДМС системи и антикорупција од Националниот демократски институт  (НДИ), на која се разговараше за тековните проекти кои министерството ги спроведува како и за можностите за идна соработка помеѓу двете страни, истакнувајќи ја важноста од зајакнување на демократските процеси и унапредување на капацитетите на јавната администрација.

Фокусот на средбата беше во рамките на проектот за градење отпорност кон корупција на локално ниво, кој е финансиран од швајцарската агенција за развој и соработка. На состанокот се разговараше за можностите за соработка во областа на реформата на јавната администрација, подобрување на DMS системите и ефикасна борба против корупцијата.

Министерот Минчев ја истакна важноста на овие иницијативи преку кои ќе се зголеми транспарентноста и довербата на граѓаните во институциите. Карлебах го поздрави напредокот на реформите во јавната администрација иницирани од министерството и изрази подготвеност за поддршка во фазите кои претстојат. 

Двете страни нагласија дека заедничките напори ќе придонесат за подобрување на јавната администрација и создавање на поефикасни механизми за справување со корупцијата, како и севкупно подобрување на работата во јавната администрација.

Извор: Министерство за Јавна Администрација

Прочитајте

ЗП на Владата за политички систем, Димовски на средба со...

0
Заменикот претседател на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски денес оствари протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Франција, Кристоф ле Риголер. На средбата...