spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Потпишани се првите 76 договори од ИПАРД III програмата

АФПЗРР: Потпишани се првите 76 договори од ИПАРД III програмата

Денес 20.09.2024 година (петок) во просториите на Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој се одржа настан по повод потпишување на договори од ИПАРД III програмата за мерките 1 и 7.На  настанот на покана од Директорот на Агенција за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој Илија Стоилев присуствуваше и Министерот од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски кој ги врачи првите договори на апликантите.

Воедно преку ова соопштение искажуваме и благодарност  кон корисниците за пројавениот интерес за учество во програмата и посветеноста и начинот на работата на вработените во АФПЗРР во обработка на апликациите.

Денес потпишавме и доделивме  30 договори од вкупно 76 од мерката 1  за кои вкупно прифлатливите трошоци по сите договори изнесуваат 214.737.900,00 денари односно 3.494.514 евра, а  кофинансираната сума изнесува 141.279.000,00 денари односно 2.299.000 евра. Од мерката 7 се потпишаа 6 договори  за кои вкупно прифатливите трошоци по договор изнесуваат 90.379.675,00 денари,а додека кофинансираната сума изнесува 54.488.543,00 денари ,односно 886.713,00  евра.

Финансиската подршка се состои од 75% средства од ЕУ буџетот и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.

Вкупната финансиска подршка во рамките на Ипард III програмата за мерката 1 изнесува 18.893.333 евра, односно 1.171.764.533 денари, додека за мерката 7 изнесува 11.400.000 евра, односно 707.028.000 денари.

Владата,Министерството за Земјоделство Шумарство и Водостопанство веруваат во потенцијалот на македонското земјоделство како и на земјоделците и се заложува за рамномерен развој на целата територија.Со успешната земјоделска политика станавме лидер во регионот по искористеноста на финансиските средства од претпристапната помош на ЕУ за земјоделството и руралниот развој , односно ИПАРД Програмата.

Со потпишување на договорите ви посакуваме успешна реализација на инвестициите и понатамошно успешно работење, како и плодна  понатамошна соработка со нашата Агенција.

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...