spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Речиси 60 проценти од вработените во градинките се вакцинирани

МТСП: Речиси 60 проценти од вработените во градинките се вакцинирани

Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени во детските градинки кои не се вакцинирани да пристапат кон процесот на имунизација, со цел непречено одвивање на воспитно образовниот процес за време на пандемијата.

Како ресорно Министерство упатуваме на општествена одговорност на сите вклучени во процесот на воспитување и образование на децата од предучилишна возраст, имунизацијата да продолжи со несмалено темпо во текот на целиот летен период.

Истовремено информираме дека досега се вакцинирани речиси 60 проценти од вработените во градинките во државава и воедно апелираме и останатите 40 проценти  на воспитувачи, негуватели и технички персонал да се вакцинираат за да може да биде обезбеден безгрижен престој на децата. Само така градинките по завршувањето на летниот период ќе можат да работат со полн капацитет.

Вработените во градинките во изминатиот период покажаа високо ниво на одговорност и професионалност и преку целосно почитување на Протоколот за заштита не дозволија внатрешно ширење на вирусот КОВИД-19.

Здравјето на сите граѓани  вклучително и на најмалите е најважно.  Затоа од големо значење е сите заедно да вложиме напори во обезбедување на безбеден престој на децата во градинките.

Извор: Влада

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...