spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Средба Лимани–Лудва - Чешка е голем подржувач на земјава во евроинтеграциите...

МСПДМ: Средба Лимани–Лудва – Чешка е голем подржувач на земјава во евроинтеграциите и политиките кои се од значење за сите граѓани

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани имаше средба со амбасадорот на Република Чешка Јарослав Лудва, на која што се разговараше за неколку клучни теми, пред се, европските интеграции на Северна Македонија, продлабочување на соработката на билатерален план и активностите на Министерството во првите 100 дена од доаѓањето на Владата на Република Северна Македонија.

Амбасадорот Лудва ја потврди чешката поддршка на евроинтегративниот пат на земјава и воедно упати покана за посета на претставници на Министерството во нивната држава со цел продлабочување на меѓуресорската и билатерална соработка воопшто.

Соговорниците зборуваа на темите родова еднаквост и вклучување на жените и младите лица во креирањето на политиките и учество во сите сегменти на општеството. 

Министерот Лимани истакна дека вклучување на младите и жените во политиката е клучно за непречено одвивање на процесите во државата.

Двете страни искажаа подготвеност за понатамошна тесна соработка во областите кои се под надлежност на Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

МЕП: Средба на министерот Муртезани со шпанскиот амбасадор Сориано Ортиз

0
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Рафаел Сориано Ортиз, на која...