spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЈА: Претставник од Министерството претседаваше со 62 состанок на Управниот...

МЈА: Претставник од Министерството претседаваше со 62 состанок на Управниот одбор на ReSPA во Љубљана

Шефот на кабинетот на Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Маја Рисова Мутлулар, денеска претседаваше со шеесет и вториот состанок на Управниот одбор на Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA).

На состанокот, кој се одржа во Љубљана, учествуваа претставници од министерствата за јавна администрација на земјите од Западен Балкан, кои членуваат во највисокото тело на Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA).

Како претседавач со состанокот, Рисова Мутлулар ја истакна важноста од одржаните продуктивни дискусии кои ќе ја обликуваат иднато стратешко дејствување на РеСПА.

„Денешниот дијалог беше непроценлив во поттикнувањето на мисијата на ReSPA, поттикнувањето на регионалната соработка и споделувањето на најдобрите практики во реформите на јавната администрација“, рече таа.

Состанокот се реализира по неодамнешната реорганизација во македонската влада, во која поранешното Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА) беше поделено на два нови субјекти – Министерството за јавна администрација и Министерството за дигитална трансформација.

Во таа насока, а во рамки на своите надлежности, Министерството за јавна администрација, претставувано од  Рисова Мутлулар, ќе продолжи со активното учество на Република Македонија во иницијативите и програмите на ReSPA.

На овој состанок, исто така, беше најавено дека Министерството за јавна администрација на Република Македонија ќе биде домаќин на 16-от состанок на Управниот одбор на ReSPA на министерско ниво во Скопје во Ноември 2024 година.

„Како домаќини, со задоволство очекуваме да Ви посакаме добредојде на Вас и Вашите министри во Скопје“ – посочи таа, истакнувајќи ја посветеноста на министерството за поттикнување и унапредување на регионалната соработка и иновациите во јавната администрација.ReSPA преставува Меѓународна организација формирана од земјите од Западен Балкан, Албанија, Босна и Херцеговина, Република Македонија, Црна Гора и Србија со цел промоција на  регионалната соработка на полето на јавната администрација, развојот на човечките ресурси во согласност со основните принципи на Европскиот административен простор и зајакнувањето на административните капацитети за пристапување во Европската Унија.

Извор: Министерство за Јавна Администрација

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...