spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМицкоски: Бугарија прави чекори со кои ги негира идентитетските обележја, имам проблем...

Мицкоски: Бугарија прави чекори со кои ги негира идентитетските обележја, имам проблем кога на Македонците во Бугарија не им даваат ниту невладина да регистрираат

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во интервју во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ, говорејќи околу тоа зошто уставните измени се проблем да се донесат пред да се добијат јасни гаранции дека нема да има нови пречки од страна на Бугарија на патот кон ЕУ, истакна дека и ние имаме проблем со тоа што Бугарија не им дозволува на Македонците таму ниту невладина да регистрираат, а Европскиот суд за човекови права нема ниту една пресуда за нарушени права на Бугарите во Македонија, наспроти 14 во корист на Македонците во Бугарија.

„Имам проблем сега, затоа што во овој момент го поставувам прашањето зошто сега. Еве кажете ми зошто сега. Правата нечии се нарушени, човекови? Ако се нарушени човековите права, кој е Бојко Борисов или Радев или Христијан или Петко, Трајко небитно, политичар да цени дали нечии права се нарушени? Има институција која се вика Суд за човекови права во Стразбур и тој вели 14 пресуди за Македонската заедница во Бугарија којашто не смее ни невладина да регистрира и нула за бугарската заедница во Македонија.“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека има проблем со тоа што во Бугарија која е земја членка на ЕУ, потписник на Конвенцијата за заштита на човековите права на Македонците не им се дава ниту да регистрираат невладина.

„Имам проблем затоа што моите таму сонародници не можат ни невладина да си организираат, а не па за Уставот. Еве не бил нивниот устав таков, во ред, дајте им на луѓево барем невладина. И замислете сега за да биде целата оваа хипокризија вака уште повеќе да кулминира, кога се предлагаше новата методологија за пристапување кон ЕУ, меѓу институциите коишто беа клучни во носењето одлука беа Венецијанската комисија и Европскиот суд за човекови права.“, истакна Мицкоски и додаде:

„Земја членка на ЕУ, потписник на Конвенцијата за заштита на човековите права не сака тоа да го исполни. Од каде ми е мене гаранцијата дека за шест месеци нема да има ново вето за нешто друго“.

Извор: Влада

Прочитајте