spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕТ: Задржување на младите приоритет за мерките заедно со Владата

МЕТ: Задржување на младите приоритет за мерките заедно со Владата

Во министерството за економија и труд се одржа работен состанок на која учество зедоа претставници од поголем број на институции и тела, а чија цел е креирање на мерки и активности за подобрување на економската состојба на младите лица во државата.


На состанокот учествуваа Марјан Ристески, заменик-министерот за економија и труд, Глује Висај, економски советник на амбасадорот на Република Словенија во Македонија, Лазар Јовевски, професор на правниот факултет „Јустинијан Први“, Сергеј Попов, Пратеник во Собранието, поголем број на претставници од министерството за економија и труд, претставници од поголем број на младински и студентски организации, министерства и државни институции, УСАИД и УНДП.


Ристески на состанокот образложи дека еден од приоритетите на Владата и министерствата е спроведување на реформи кои би креирале економски амбиент и клима со кои ќе се намали одливот на младите и работоспособни лица во странство. Ова може да се постигне само преку заеднички и координирани мерки и активности кои би придонеле за создавање на општество, институции и економска клима во која младите би гледале можност за пристоен живот и развој.
Досегашната работа и мерки кои ги превзема државата, нивната ефикасност и потребата за нивна промена и надградба беа дел од темите за кои се дискутираше на средбата, а од страна на претставниците на младинските и студентските организации беа дадени повеќе предлози за финансиска поддршка и стимулации за студентите и младите лица.


Во рамки на средбата се формираше меѓусекторска работна група која ќе работи на креирање мерки и активности за подобрување на економската состојба и квалитетот на животот на младите лица, за потоа истите да се преточат во годишните програми и да се реализираат од страна на министерствата и останатите агенции и институции.

Извор: Министерство за економија и труд

Прочитајте

Карпош: Инспекциските служби во Штип на седницата на Здружението на комунални...

0
На 22.11.2024 год.во Хотел Изгрев претставници од инспекциските служби на Општина Карпош присуствуваа на 6-та седница на Извршниот и Надзорниот одбор на Здружението на...