spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Во КБ Тетово пет нови лифтови и санација на кровната конструкција

МЗ: Во КБ Тетово пет нови лифтови и санација на кровната конструкција

-Во Клиничката болница во Тетово за краток период решаваме два сериозни проблеми кои ја отежнуваа работата на здравствените работници од една страна, како и отежнатиот пристап на пациентите до здравствени услуги од друга страна. Тоа што во минатото беше проблем со лифтовите сега е минато, овој проблем за кратко време го надминавме. Во болницата во Тетово монтирани се 5 нови лифта во вредност од 18 милиони денари, три на одделот за хирургија и два на одделот за интерна медицина, истакна министерот Таравари при посетата на КБ Тетово.

Паралелно на ова, го решивме и вториот поголем проблем со оштетениот кров, односно извршивме реконструкција и санација на кровната конструкција на интернистичкиот блок кој прокапуваше подолг период.

Вкупната сума за овие инвестиции изнесува 20 милиони денари.

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

Карпош: Инспекциските служби во Штип на седницата на Здружението на комунални...

0
На 22.11.2024 год.во Хотел Изгрев претставници од инспекциските служби на Општина Карпош присуствуваа на 6-та седница на Извршниот и Надзорниот одбор на Здружението на...