spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Меџити се сретна со заменик амбасадорката на САД, Никол Варнес

МЖСПП: Меџити се сретна со заменик амбасадорката на САД, Никол Варнес

Заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити имаше средба со заменик амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес.

„Вчера остварив многу плодна средба со заменик амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес. Ја изразив мојата благодарност за непоколебливата поддршка што САД и ја даваат на Северна Македонија, особено во процесот на интеграција во ЕУ. Дискутиравме за силните односи помеѓу нашите земји и за важноста на понатамошно зајакнување на соработката во различни области од заеднички интерес“

– изјави Меџити.

Меџити се сретна со заменик амбасадорката на САД, Никол Варнес

Тој дополнително објасни дека на оваа средба, ја истакнал важноста на неговата улога како министер за животна средина и просторно планирање, особено поради големите еколошки предизвици со кои се соочуваме. Тука спаѓаат енергетската криза, децениското загадување на воздухот, управувањето со отпадот, обезбедувањето чиста вода и третманот на отпадните води.

„Исто така, ја нагласив важноста на соработката во справувањето со климатската криза и промовирањето на одржливиот развој. Полната посветеност кон политиките што го заштитуваат животната средина е мој приоритет, бидејќи тоа е најдобриот начин за подобрување на квалитетот на животот на нашите граѓани, што е неопходен приоритет“,

– изјави заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...