Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска оствари протоколарна средба со амбасадорката на Грција во Скопје Н.Е Софија Филипиду и нејзината заменичка Георгија Андреади.
На средбата се разговараше за соработката во реализација на заедничките прекугранични проекти, пред се за регионот на Преспа и заштитата на Преспанското Езеро. Исто така, во пријатна атмосфера се разговараше и за другите проекти што во моментот се реализираат преку Министерството за животна средина и просторно планиарње, како и за можностите за продлабочување на истата.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање