spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Конкурс за доделување на стипендии на редовни ученици запишани во ДСУ...

МОН: Конкурс за доделување на стипендии на редовни ученици запишани во ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ за учебната 2024/2025 година

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (Службен весник на Република Македонија бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија бр.96/19,  110/19 и 121/24) и член 12 од Закон за Математичко-информатичка гимназија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 64/18) и Правилник за начинот и поблиските критериуми за доделување на месечна стипендија на учениците во Математичко-информатичката гимназија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/19 и 204/24), Министерството за образование и наука распишува

Конкурс

за доделување на стипендии на редовни ученици запишани во  ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ за учебната 2024/2025 година

Министерството за образование и наука за учебната 2024/2025 година ќе додели стипендии за учениците запишани во ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ – Скопје во Република Северна Македонија.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат учениците кои се запишани во ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

– да се редовни ученици во ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ (од II, III и IV година)

– да имаат постигнато одличен општ успех на крајот на претходната учебна година;

–  да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;

–  да се државјани на Република Северна Македонија.

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ  

Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на  https://e-uslugi.mon.gov.mk/  од 04.10.2024 до 21.10.2024 година.

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот, потребно е да ги прикачат следните документи:

1. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;

2. Потврда дека е редовен ученик во Математичко-информатичката гимназија;

3. Свидетелство за завршена претходна година на образованието;

4. Изјава потпишана од родител/старател дека ученикот не е корисник на друга стипендија;                                                                                                 

5. Изјава од родителот/старателот за обработка и користење на неговите лични податоци и личните податоци на ученикот, со која ученикот се согласува;

6.  Копија од лична трансакциска сметка.

Министерството за образование и наука по службен пат го прибавува уверението за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 3500 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

Списокот со учениците кои ќе се стекнат со правото на стипендија ќе бидe објавен на 20.11.2024 година на веб страницата mon.gov.mk и во ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ – Скопје, а сите кандидати ќе добијат решенија во врска со статусот на поднесените апликации на своите електронски профили на http://e-uslugi.mon.gov.mk.

                            

 Изјава родител/старател.docx

 Изјава за лични податоци.docx

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте