Тековните активности што интензивно се одвиваат во Министерството за дигитална трансформација, беa темa на средбата меѓу министерот Стефан Андоновски и амбасадорката на Сојузна Република Германија Н.Е. Петра Дрекслер.
Министерот ја запозна амбасадорката со проектите поврзани со дигиталната трансформација во насока на подобрување на капацитетот на јавните институции за испорака на е-услуги кои ќе бидат квалитетни, брзи и ефикасни, подигнување на дигиталната писменост за користење на овие услуги и нивно зголемено користење, со цел подобрување на квалитетот на живеење и развој.
,,Дигитализацијата е клуч за економскиот развој во 21 век, а ние сме цврсто решени тоа да биде наш фокус во работата“, истакна Андоновски, заблагодарувајќи се за огромната поддршка на Германија во евроинтегративните заложби и сојузот во Нато што ќе придонесе за квалитетни економски односи и уште поблиска соработка.