spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕП: ЗМЕП Трајков ја отвори конференцијата за Младинско Вработување во Битола

МЕП: ЗМЕП Трајков ја отвори конференцијата за Младинско Вработување во Битола

Заменик министерката за европски прашања, доц.д-р Викторија Трајков, во Битола ја отвори последната од циклусот конференции за ,,Младинско Вработување: Развој на претприемачки и дигитални вештини за иднината“, финансирани преку средства од Европската Унија.

ЗМЕП Трајков ја истакна потребата од активно вклучување на сите чинители во развојот на претприемачките вештини и додаде: ,,Еден од главните фокуси на новата Влада е дигитализација на општеството и ние сме цврсто решени овој процес да успее. Со поглед кон 2030 година, анализирзирајќи ги  постулатите на дигитализацијата на сите владини услуги целта ќе ни биде борба против корупцијата, подобрени и достапни услуги за граѓаните во целата држава и со тоа младите ќе ја вратат довербата во системот. Дигитализацијата е важен процес на кој што сите ние треба што повеќе фокусирано да работиме!”

Проектот Е-YOUTH се фокусира на подобрување на вработливоста на младите, особено на оние со помалку можности, преку развој на нивните претприемачки и дигитални вештини. 

Во текот на 14 месеци, проектот соработуваше со партнери од Македонија, Италија, Турција и Словенија за спроведување на неформални образовни активности и активности за градење капацитети на младински организации. 

Целта на проектот е да поттикне соработка, да ги зајакне компетенциите на младите и да придонесе кон имплементација на Европската стратегија за млади. 

Проектот е финансиран од програмата Еразмус+  од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Извор: Министерство за Европски Прашања

Прочитајте

МЕП: Средба на министерот Муртезани со црногорскиот амбасадор Миљан

0
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, имаше средба со новименуваниот амбасадор на Црна Гора во Северна Македнија, Зоран Миљаниќ, на која беше нагласено цврстото билатерално партнерство...