Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење Арбен Фетаи денеска се сретна со претставници на Институтот за европска политика, директорката Симонида Кацарска и истражувачката Јулијана Караи. На средбата се разговараше за воспоставување соработка во областа на доброто владеење, посебно борбата против корупцијата и реформата во јавната администрација.
Господинот Фетаи ја пофали работата на цивилниот сектор за следење на реализацијата на реформската агенда и ја искажа неговата спремност да соработува за исполнување на преземените обврски.
Беше договорено да се разменат резултатите од разни мониторинзи и истражувања, кои сведочат за осварувањето на реформската агедна, посебно тие што се поврзани со поглавјето 23. Двете страни изразија подготвеност да соработуваат и во спроведување заеднички активности од взаемен интерес.
Извор: Влада