spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМицкоски: Владата потврди 270 проекти во општините во кои ќе се вложат...

Мицкоски: Владата потврди 270 проекти во општините во кои ќе се вложат 4 милијарди денари

„Па да, на вчерашната владина седница беа потврдени повеќе од 270 проекти коишто се во речиси сите општини. Уште во самиот почеток кажав дека нема да бидат ова само проекти каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ или од Владината коалиција каде што има градоначалници коишто се дел од коалицијата ВРЕДИ или пак политичката партија ЗНАМ, туку и онаму каде што имаме градоначалници кои што доаѓаат од СДСМ, од Демократската унија за интеграција, градоначалници коишто се независни, затоа што ние се бориме за секој милиметар квадратен на целата територија на државата. Секое парче ни е земја важно, значајно и секаде сакаме да инвестираме. Овие 270, повеќе од 270 проекти веќе се потврдени, очекувам во следната недела да бидат потпишани договорите и да започне реализацијата на овие проекти, историска реализација.

Повеќе од 4 милијарди денари во овој прв бран. На следната владина седница ќе има мало продолжување на рокот, бидејќи некои од проектите на некои од општините ќе им е потребно дел од документите коишто недостасуваат да ги обезбедат. Мислам дека рокот ќе биде разумен, 10-ти/15-ти ноември да ги доподнесат тие проекти и откако тоа како формалност ќе биде завршено, очекувам и тие да бидат вклучени во овој прв бран.

И надвор од сето ова се оние проекти коишто исто така се во делот на патната инфраструктура, а коишто се финансираат преку Министерството за транспорт и врски, коишто се дел од овој проект. И тука имаме исто така десетина проекти така што онаа ветена сума од 6 милијарди очекуваме на крајот да биде испорачана, а веќе следната година летвичката ја креваме погоре одиме на 15 милијарди денари. Така што за помалку од една година од Централниот буџет, кон општините и кон граѓаните ќе бидат испорачани отприлика проекти во вредност од околу 21 милијарда денари. Често пати ми го поставуваат прашањето од каде пари, тие пари кои што порано завршувале кај политички моќници, во приватни џебови на разно разни начини, сега завршуваат кај народот“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање до каде е проектот за капитални инвестиции во општините.

А по однос на прашањето за тоа кои општини не добија проекти, одговори дека:

„Па мислам дека Општина Струмица не доби затоа што конкурираше со проект којшто веќе е почнат и проект којшто веќе има избран изведувач, којшто е во тек. И апелирам еве до раководството на Општина Струмица да ја искористи можноста до 15-ти ноември да поднесе нови проекти коишто би можеле да ги финансираме.

Понатаму Општина Теарце којашто поднесе проекти преку приватна е-маил адреса. Еве го повикувам градоначалникот да постапи како и сите други 79 градоначалници, има начин како сето тоа се прави.

Имаме некомплетна документација поднесено од Општина Сарај и очекувам до 10-ти, 15-ти ноември и ова да биде отстрането. Станува збор за патна инфраструктура во едно населено место, мислам дека е Ласкарци и плус водовод еден, но очекувам дека до 10-ти, 15-ти ноември и тоа ќе биде надминато. Така да од прилика тоа се“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски и додаде дека тука спаѓа и Град Скопје:

„Град Скопје да, бидејќи конкурираа со проекти коишто се некомплетни, бараат автобуси, бараат средства кои се за одржување на хигиена на улиците, а истовремено имаат отприлика од Владата веќе пренесени околу 10 милиони евра, 600 милиони денари коишто стојат на сметката за реализација на една капитална инвестиција, тоа е Булеварот „Хасан Приштина“, веќе две години и за жал ништо не е направено по таа основа, така што очекувам да веќе во следниот период и таму се подобрат инвестициските перформанси“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

Извор: Влада

Прочитајте

МОН: Јавен повик за партиципација на високообразовните установи во CEEPUS мрежите...

0
Централноевропска програма за размена  во областа на  универзитетски студии    (CEEPUS-Central European  Exchange Program for University Studies)  објавува: Јавен повик за партиципација на високообразовните установи во CEEPUS мрежите за академската 2025/2026 година Република...