Утрово во Брисел, заменик министерката за европски прашања се сретна со Марион Валсман од Европската народна партија (ЕПП). На средбата се разговараше за европскиот пат на Македонија како и фокусот на Новата Влада насочен кон економска интеграција кон ЕУ, регионална соработка, забрзување на фундаменталните реформи и финансиска помош на реформите.ЗМЕП Трајков се заблагодари за големата поддршка што Валсман и ја дава на нашата држава и како член на Мешовитиот парламентарен комитет за соработка меѓу МK и ЕУ.ЗМЕП Трајков истакна дека Македонија што поскоро заслужува да биде дел од големото европско семејство: како нова Влада работиме на суштински работи, преземаме суштински мерки, најпрво да ја приближиме државата кон европските стандарди и регулативи.
Најдобар доказ за тоа е прифаќањето на Реформската агенда која што и даде на државата пристап до Планот за раст. Треба да се најде решение кое што ќе не одблокира од техничка гледна точка за да можеме да ги отпочнеме преговорите.”- рече ЗМЕП Трајков.