Министерот за правда, Игор Филков оствари средба со директорката на Институтот за европска политика (ЕПИ) Симонида Кацарска и Ангела Делевска на која што се дискутираше заедничката соработката особено во областа на Поглавјето 23 – правосудство и темелни права и идните планови за работа како и потенцијална соработка.
Посебен акцент на средбата беше ставен на Извештајот во сенка на Поглавјето 23 и квартални мониторинг извештаи за Кластер 1-Темели.
Извор: Министерство за правда