HomeСамостојни органиАХВ: Со контролите на АХВ најдени 16 нерегистрирани игротеки

АХВ: Со контролите на АХВ најдени 16 нерегистрирани игротеки

spot_img
spot_img

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на почетокот на овој месец спроведе вонредни контроли во игротеките во земјава. Со контролите опфатени беа 92 игротеки при  што беше утврдено дека 16 од нив, не се регистрирани во АХВ како оператори со храна. Кај 8 инспекциските служби утврдиле дека не ги задоволуваат хигиенските барања, односно дека немаат имплементирано процедури на добра хигиенска пракса.

Кај 16 игротеки утврдено дека вработените немаат спроведено здравствени прегледи, а утврдени се и отстапувања во поглед на безбедноста на храната, при што се запленети и нештетно уништени 11,5 килограми млечни производи.

За утврдените недоследности издадени се 19 решенија и наредени мерки за нивно отстранување, времено се затворени 13 игротеки, а на 32 изречени им се парични казни.

Извор: Агенција за храна и ветеринарство

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте