HomeМинистерстваМЖСПП: Меџити - УСАИД партнер во многу проекти за екологијата што го...

МЖСПП: Меџити – УСАИД партнер во многу проекти за екологијата што го подобруваат животниот стандард на граѓаните

spot_img
spot_img

Директорката Дајбл  ја изрази подготвеноста на УСАИД да ги поддржи проектите поврзани со подобрување на климатските промени и животната средина во земјата, преку различни програми, како и пренесување на позитивни искуства од различни земји во светот каде што работи Агенцијата за меѓународен развој на САД.

Меџити се заблагодари на УСАИД за реализацијата на многу проекти во нашата држава, како и за интересот за соработка во приоритетните проекти на Министерството за животна средина и просторно планирање, поврзани со мерките против климатските промени и системот за мониторирање..

Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој е присутна во нашата држава од осамостојувањето на земјата и ја поддржува земјата да стане економски поразвиено, демократско и инклузивно општество преку програми кои промовираат економски раст и конкурентност, го зголемува ангажманот на младите, ја намалува невработеноста и корупцијата. 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте