spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЈА: Шефот на Кабинетот Маја Рисова Мутлулар на Регионалната конференција за законодавство...

МЈА: Шефот на Кабинетот Маја Рисова Мутлулар на Регионалната конференција за законодавство засновано на докази во Западен Балкан во Рим

Во организација на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA) и SIGMA, а во соработка со Европската комисија (DG NEAR), Италијанскиот парламент и службите на Европскиот парламент (EPRS), викендов, шефот на кабинет на министерот за јавна администрација, Маја Рисова Мутлулар, учествува на регионалната конференција „Парламенти и законодавство засновано на докази во Западен Балкан: предизвици и можности“ во Рим, Италија.

Конференцијата се фокусира на зајакнување на дијалогот и подобрување на координацијата и соработката помеѓу парламентите и владините институции во текот на законодавниот процес, нагласувајќи ја важноста на законодавството засновано на докази како темел за унапредување на јавната политика, зајакнување на владеењето на правото и унапредување на процесите на интеграција во ЕУ, кои се клучни приоритети за администрациите низ Западен Балкан.

Учесниците исто така имаа можност да разменат искуства за спроведувањето на реформите во јавната администрација, како и да се вклучат во дискусии за идни проекти за соработка со ReSPA и SIGMA.

Овие соработки се клучни во обликувањето на тековните реформи во јавната администрација, со силен фокус на подобрување на процесите и зајакнување на институционалните капацитети низ Западен Балкан.

Во рамки на панел дискусиите, Рисова Мутлулар ја посочи важноста на овој дијалог, истакнувајќи:

„Координацијата и соработката меѓу парламентите и владините институции се основни столбови на транспарентното владеење и владеењето на правото. Тоа не се само институционални императиви, туку и демократски потреби“ – рече таа.

Оваа конференција означува значаен чекор во промовирањето на посилни законодавни рамки и поцврсти институции низ целиот регион, кои се од суштинско значење за континуираниот демократски и административен развој на Западен Балкан.

Извор: Министерство за Јавна Администрација

Прочитајте

Митева: Целта на Влада е да го трансформира македонското општество во...

0
Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Денешната прес-конференција е посветена на развојната компонента на предлог буџетот во делот на дигитализацијата. Нашата цел како Влада е да го...