HomeМинистерстваМДТ: Министерот Андоновски се сретна со амбасадорката на Кралството Шведска Н.Е. Ами...

МДТ: Министерот Андоновски се сретна со амбасадорката на Кралството Шведска Н.Е. Ами Ларсон

spot_img
spot_img

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски оствари работна средба со амбасадорката на Кралството Шведска Н.Е. Ами Ларсон., на која се разговараше за продлабочување и унапредување на соработката.

 Министерот Андоновски и се заблагодари на амбасадорката Ларсон, со оглед дека Шведска е еден од најголемите пријатели и силен поддржувач на нашата земја на патот кон пристапување во ЕУ.

 Тој ги потенцираше силните заложби за сеопфатна примена и развој на дигитализацијата за доброто на граѓаните, спроведување на реформи и исполнување на поставените цели, што неизбежно ќе не приближи до европските вредности и стандарди.

 Во таа насока, Андоновски ги претстави тековните и актуелни проекти на Министерството, вклучувајќи ја изработката на Националната ИКТ стратегија, чиишто активности засилено се одвиваат.

Извор: Министерство за Дигитална Трансформација

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте