spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Меџити - Полог заслужува повеќе, ние работиме за оваа цел

МЖСПП: Меџити – Полог заслужува повеќе, ние работиме за оваа цел

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска изврши увид во работите за изградба на две капитални  инвестиции кои овозможуваат квалитетна вода за пиење за жителите на Першовце и Глоѓи на општина Теарце.

За време на посетата, првиот вицепремиер Меџити истакна дека реализацијата на овие два проекта е од витално значење за жителите на двете населени места од оваа општина.

“Резервоарот за вода за пиење што се гради во Теарца со средства на Министерството за животна средина и просторно планирање во износ од над 18 милиони денари е во завршна фаза, односно завршени се над 90 отсто од работите, а изградбата на филтeр станицата за вода за пиење, која е во напредна фаза во село Глоѓи, во вредност од над 61 милион денари, значително ќе го подобри стандардот на жителите од овој дел на државата”

-рече Меџити.

Првиот вицепремиер Меџити додаде дека постојната акумулација е небезбедна и трпи оштетувања при секој дожд, поради што заматена и загадена вода циркулира во цевките и акумулациите.

1

“Со цел да има функционален водоснабдителен систем,и квалитетна вода за пиење се изработи техничка документација на ниво на Основен проект за изградба на тиролски зафат, доводен цевковод, таложник и филтер станица за с.Пршовце и Глоѓи во општина Теарце, лоцирани покрај р.Бистрица во подножјето на Шар Планина, а реализацијата на проектот се одвива без застој“

 -посочи Меџити при увидот на работите на овие две локации.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити порача дека жителите на Полог заслужуваат квалитетна вода и живот со современи стандарди и Министерството и Владата работат континуирано во оваа насока.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МОН: Селектирани ромски образовни медијатори за учебната 2024-2025 година

0
По спроведената постапка по Јавен повик за ангажирање  на 50 (педесет) ромски образовни медијатори за поддршка на основното образование на Роми за учебната 2024/2025 година, објавен на...