spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМицкоски: Предлог-Буџетот вчера помина на владина седница, очекувам 3,7 проценти да биде...

Мицкоски: Предлог-Буџетот вчера помина на владина седница, очекувам 3,7 проценти да биде просечниот раст следната година

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставување камен темелник за изградба на нова детска градинка во населено место Ново Село во Општина Ѓорче Петров, по што одговарајќи на новинарско прашање, колкав раст предвидува Предлог-Буџетот што беше усвоен на вчерашната владина седница информираше дека, очекува 3,7 проценти да биде просечниот раст, следната година.

„Да, на владината седница помина Буџетот би требало деновиве да се најде и пред пратениците. Очекувам 3,7 проценти да биде просечниот раст следната година. Очекувам во третиот квартал да се движиме меѓу 2,5 и 3 проценти. Очекувам во четвртиот квартал меѓу 3 и 3,5 проценти, а не би се изненадил ако првиот квартал до година, ако биде сѐ како што го проектираме и со инвестициите на компаниите и инвестициите на државата да дојдеме и до четворка. И не би се изненадил, ако следната година биде 3,7 повеќе, бидејќи такви се оние индикатори со коишто сега во моментот располагаме. Има уште некои работи коишто треба да отпочнат со функционирање, некои фабрики коишто сѐ уште не се отпочнати. Јас очекувам во период којшто следи да отпочнат. Така што оваа година сме т.е. проекцијата за следната година е на 3,7, но не би се изненадил ако тоа биде и повеќе“ изјави премиерот.

Премиерот додаде и дека капиталните инвестиции се на ниво на 50 милијарди од кои 32 милијарди се од Буџетот, останатите 18 милијарди се од оние тековни програми.

„Капиталните инвестиции се некаде на ниво на 50 милијарди од кои 32 милијарди се од Буџетот, останатите 18 милијарди се од оние тековни програми, но и нови коишто ќе следат. Буџетскиот дефицит е околу 41-42 милијарди, така што очекувам имајќи ги предвид сите теренски активности коишто се забрзани и очекувам конечно силен комитмен од Бугарија за Коридорот 8 пругата да биде јасен во јавноста и тука да почнат да се движат работите. Така што не би се изненадил ако отидеме и ја видиме четворката следната година“, истакна премиерот Мицкоски.

Извор: Влада

Прочитајте

Бутел: Нови капитални проекти за општината

0
Мега паркот во Радишани, пешачката патека и кеј на река Серава, нова училишна сала, реконстркција на големи и клучни сообраќајници стануваат реалност. Ветувањата се реализираат...