Mинистерот за здравство, д-р Арбен Таравари, учествуваше на свеченото отворање на 74. регионален состанок на Светската здравствена организација во Копенхаген. Овој значаен настан е посветен на заедничкиот напор за подобрување на јавното здравје и развојот на здравствените системи во регионот.
Со учество на високи претставници од различни земји, се очекува продуктивна размена на идеи и стратегиски решенија за предизвиците во здравството.
Извор: Министерство за здравство