Заменикот претседател на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски оствари работна средба со Армен Григоријан, постојаниот претставник на УНДП.
Фокус на разговорот беше соработката со УН и трансформација на системот на управување на кризни ситуации, зацртана во планираното работење на Владата.
Понудена е експертска поддршка на работното тело и помош во поврзување со институции за помош и обука на припадниците на противпожарните единици, како и консултантска,поддршка.
Следи интензивирање на соработката со непосредно ангажирање на постојаниот претставник и со конкретни предлози во поставувањето на основата за изградба на ефикасен систем за управување со кризи.
Извор: Влада