spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Студенти од Факултетот за правни и политички науки на АУЕ-ФОН го...

МП: Студенти од Факултетот за правни и политички науки на АУЕ-ФОН го посетија Министерството

Студентите, предводени од деканот на Факултетот, Сејдефа Џафче и проф.др Татјана Ашталкоска Балоска беа пречекани од министерот за правда Игор Филков при што се запознаа со начинот на работа на Министерството за правда и со предизвиците со кои се соочува.

Министерот изрази задоволство од интересот на младите за правните прашања и истакна дека нивната активна вклученост и ентузијазам се клучни за иднината на правосудниот систем и општеството во целина.

Студентите се сретнаа и со заменик на министерот за правда, Ален Дерабан како и со вработените во Министерството .

Посетата на студентите е во рамките на Меморандумот за соработка кој го склучија двете институции со кој се обврзаа заеднички да дејствуваат и соработуваат за стекнување на практични знаења на студентите.

Извор: Министерство за правда

Прочитајте