spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Министерот Филков оствари средба со претставници на УПОЗ

МП: Министерот Филков оствари средба со претставници на УПОЗ

Министерот за правда Игор Филков оствари работна средба со претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани  (УПОЗ), предводени од претседателот Трпе Деаноски.

Се разговараше за прашања поврзани со  колективниот договор, платите , статусот на вработените  како и подготовката на законските решенија.

Изразена е благодарност на Министерството за правда за отпочнување на  процесот на изработка на нов Закон за судска служба. Новото законско решение има за цел да ја унапреди постојната регулатива, обезбедувајќи подобри услови за работа и правата на вработените во судскиот систем.

Претставниците на УПОЗ го информираа министерот  со сите отворени прашања кои се од голема важност , и од нивна страна  беше побарана поддршка и заложба за нивно решавање со цел унапредување на работните услови и зајакнување на правата на вработените во правосудниот систем.

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...