spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕРМС: Известување за локација на ден 07.11.2024 за подигнување на потврда-ваучер за...

МЕРМС: Известување за локација на ден 07.11.2024 за подигнување на потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди

Почитувани,

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини започна со процесот на доделување потврди-ваучери за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима-уреди.
Со цел појаснување на процесот, важно е да се напомене дека овие ваучери се наменети за домаќинствата кои ги исполнуваат критериумите на јавниот повик, објавен на веб-страницата на Министерството за економија на 1 февруари 2024 година. Конкурсот и изборот на корисниците беа спроведени и финализирани од страна на Министерството за економија, кое преку своите комисии направи евалуација и конечен избор на граѓаните кои ги исполнуваат условите, како и избор на правните субјекти каде граѓаните ќе можат да ги искористат овие ваучери.
По направениот избор, Министерството за енергетика ја презеде обврската за организирање и спроведување на доделувањето на ваучерите. Овој обемен процес е успешно координиран од тимот на Министерството, обезбедувајќи навремено доделување на ваучерите пред почетокот на зимската сезона.
Ги известуваме сите подносители на барање согласно Јавниот оглас за Програма за зашита на ранливи потршувачи на енергија за 2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.17/24 и 210/24), Јавниот оглас за Програма за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинства за 2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 13/24 и 209/24) и Јавен повик за пријавување на интерес од страна на правни субјекти кои вршат трговија на високоефикасни инвертер клима уреди.

Врз основа на одлука на:

  1. Комисијата за спроведување на активностите за избор на правни субјекти кои вршат трговија на високоефикасни инвертер клима уреди, со број 04-920;

         СПИСОК НА ИЗБРАНИ ПРАВНИ СУБЈЕКТИ

  1. Комисијата за спроведување на постапката за доделување потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди за категорија самец, со број 04-915;

          СПИСОК НА ИЗБРАНИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА – РАНЛИВИ САМЕЦ

  1. Комисијата за спроведување на постапката за доделување потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди за домаќинства со два члена, со број 04-916;

          СПИСОК НА ИЗБРАНИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА – РАНЛИВИ ДВА ЧЛЕНА

  1. Комисијата за спроведување на постапката за доделување потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди за домаќинства со три члена, со број 04-917;

         СПИСОК НА ИЗБРАНИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА – РАНЛИВИ ТРИ ЧЛЕНА

  1. Комисијата за спроведување на постапката за доделување потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди за домаќинства со четири члена, со број 04-918;

         СПИСОК НА ИЗБРАНИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА – РАНЛИВИ ЧЕТИРИ ЧЛЕНА

  1. Комисијата за спроведување на постапката за доделување потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди за домаќинства со пет члена и повеќе, со број 04-919;

          СПИСОК НА ИЗБРАНИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА – РАНЛИВИ ПЕТ ЧЛЕНА И ПОВЕЌЕ

  1. Комисијата за спроведување на постапката за доделување потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди на домаќинствата за 2024 година од општините на Скопскиот регион, Источниот регион, Југоисточниот регион, Североисточниот регион, Вардарскиот регион и Полошкиот регион, со број 04-914; СПИСОК НА ИЗБРАНИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА – НЕРАНЛИВИ 1
  2. Комисијата за спроведување на постапката за доделување потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди на домаќинствата за 2024 година од општините на Пелагонискиот регион и Југозападниот регион, со број 04-913;     СПИСОК НА ИЗБРАНИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА – НЕРАНЛИВИ 2

кои се избрани од Министерство за Економија, ги објавуваме списоците на добитници на потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди, како и на правни субјекти кои вршат трговија на високоефикасни инвертер клима уреди.

Сите подносители на барања кои ги нема на списоците се недобитни поради исцрпување на средствата предвидени за спроведување на овие програми, некомплетна документација, надминување на временски зададениот рок за поднесување на барање.

Листа на општини со локација и време за подигнување на потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди

Реден бројОпштинаЛокацијаДатумВреме
1.БеровоПехчевоЦентар за вработување Берово07.11.202409:00-15:00
2.БитолаМогилаНовациСпортска сала Боро Чурлевски“, Битола 07.11.202409:00-17:00
3.ВаландовоЦентар за вработување Валандово07.11.202409:00-15:00
4.ВелесГрадскоЧашкаЦентар за вработување Велес07.11.202409:00-15:00
5.ВиницаЦентар за вработување Виница07.11.202409:00-15:00
6.БогданциГевгелијаДојранЦентар за вработување Гевгелија 07.11.202409:00-15:00
7.ВрапчиштеГостиварМаврово и РостушеЦентар за вработување Гостивар 07.11.202409:00-15:00
8.ДебарЦентар ЖупаЦентар за вработување Дебар07.11.202409:00-15:00
9.ДелчевоМакедонска каменицаЦентар за вработување Делчево07.11.202409:00-15:00
10.Демир ХисарЦентар за вработување Демир Хисар07.11.202409:00-15:00
11.КавадарциРосоманЦентар за вработување Кавадарци07.11.202409:00-15:00
12.КичевоЦентар за вработување Кичево07.11.202409:00-15:00
13.ЗрновциКочаниЧешиново-ОблешевоЦентар за вработување Кочани07.11.202409:00-15:00
14.КратовоЦентар за вработување Кратово07.11.202409:00-15:00
15.Крива ПаланкаРанковцеЦентар за вработување Крива Паланка07.11.202409:00-15:00
16.КрушевоЦентар за вработување Крушево07.11.202409:00-15:00
17.КумановоЛипковоСтаро НагоричанеЦентар за вработување Куманово07.11.202409:00-15:00
18.Македонски БродПласницаЦентар за вработување Македонски Брод07.11.202409:00-15:00
19.НеготиноДемир КапијаЦентар за вработување Неготино07.11.202409:00-15:00
20.ДебарцаОхридЦентар за вработување Охрид07.11.202409:00-15:00
21.ДолнениКривогаштаниПрилепЦентар за вработување Прилеп07.11.202409:00-15:00
22.ПробиштипЦентар за вработување Пробиштип07.11.202409:00-15:00
23.КончеРадовишЦентар за вработување Радовиш07.11.202409:00-15:00
24.РесенЦентар за вработување Ресен07.11.202409:00-15:00
25.ЛозовоСвети НиколеЦентар за вработување Свети Николе07.11.202409:00-15:00
26.АеродромАрачиновоБутелГази БабаЃорче ПетровЗелениковоИлинденКарпошКисела ВодаКондовоПетровецСарајСопиштеСтуденичаниЦентарЧаирЧучер-СандевоШуто ОризариСпортски центар „Борис Трајковски“, Скопје07.11.202409:00-17:00
27.ВевчаниСтругаЦентар за вработување Струга07.11.202409:00-15:00
28.БосиловоВасилевоНово СелоСтрумицаЦентар за вработување Струмица07.11.202409:00-15:00
29.БоговињеБрвеницаЖелиноЈегуновцеТеарцеТетовоЦентар за вработување Тетово07.11.202409:00-15:00
30.КарбинциШтипЦентар за вработување Штип07.11.202409:00-15:00

Тeлефенски броеви и e-mail за контакт:

070 204 278

071 392 070

071 392 098

071 391 169

071 391 187

e-mail: vaucerzainverter@energy.gov.mk

Извор: Министерство за енергетика, рударството и минерални суровини

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...