spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕТ: Подобрувањето на бизнис климата и привлекувањето странски инвестиции е приоритет за...

МЕТ: Подобрувањето на бизнис климата и привлекувањето странски инвестиции е приоритет за нас

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска во просториите на Министерството за Економија го пречека на средба амбасадорот на Унгарија во нашата земја, Андраш Клајн. На средбата стана збор за односите меѓу двете земји, за интензивната економска соработка, особено по потпишувањето на Договорот за економска соработка.

Исто така, на средбата се истакна дека Министерството за економија и труд со својата реорганизација ќе се фокусира на подобрување на бизнис климата во земјата, поддршка на локалните компании, поддршка на претприемништвото, подобрување на условите за странските инвеститори, како и подобрување и развој на пазарот на трудот. Во наредниот период како Министерство за економија и труд ќе работиме на подобрување на бизнис климата за привлекување на нови странски инвестиции. Унгарските инвеститори се добредојдени во нашата земја и се надевам дека во наредниот период, преку заедничка соработка, ќе донесеме нови компании од Унгарија да работат на домашниот пазар, со цел натамошно зајакнување на економските врски меѓу двете земји.

Министерот Дурмиши се заблагодарив на амбасадорот и на државата Унгарија за принципиелната и континуирана поддршка како гласен поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија, која претставува наш стратешки и национален интерес, особено сега кога Унгарија претседава со Европската унија.

Извор: Влада

Прочитајте

МТ: Николовски – 10 милиони евра инвестираме само оваа година за...

0
Инвестираме 10 милиони евра во Битола оваа година за да го развиеме градот, инфраструктурно да го подобриме и да создадеме услови младите да останат...