spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

АФПЗРР: Јавен повик Број 2/2024

Влада на Република Северна Македонија

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Врз основа на Анекс А клаузула бб став 1 точка б од Законот за ратификација на Рамковната спогодба за финансиско партнерство помеѓу Европската Комисија и Република Северна Македонија застапувана од Владата на Република Северна Македонија за посебните постапки за спроведување на финансиската помош на Унијата за Република Северна Македонија според инструментот на претпристапна помош (ИПА 3) (,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр.235/22) и врз основа на ИПАРД Програмата (2021-2027) и член 6 од Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерките за рурален развој финансирани од ИПАРД Програмата (2021-2027), (,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр.88/23) 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

на 05 ноември 2024 година објавувa

ЈАВЕН ПОВИК бр. 02/2024

за доставување на барања за финансиска поддршка од

ИПАРД Програмата 2021-2027

1.        Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошен текст: Агенцијата) како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република Северна Македонија да достават барања за финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2021-2027 за следната мерка:

1. Диверзификација на фарми и развој на бизниси.

2.       Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно ИПАРД Програмата 2021-2027 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.

3.       Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од:

3.1.     60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка Диверзификација на фарми и развој на бизниси

Процентот се зголемува до 70% за инвестиции предложени од млади земјоделци и/или сертифицирани органски производители и за колективни инвестиции.

Процентот на кофинансирање може да се зголеми за дополнителни 10% за инвестиции поврзани со управување со отпад, обновлива енергија и инвестиции од типот на циркуларна економија

Највисокото кумулативно/комбинирано ниво на поддршка не смее да надминува 75%.

4.       Крајниот рок за поднесување на барањата е 20 декември 2024година

Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик за мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ 14.000.000,00 евра односно 862.890.000 денари. Курсот на еврото за овој јавен повик изнесува 61.635 ден.

5.       Подигнување на обрасци и упатства:

Потребните обрасци од „Барањето за финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2021-2027“ како и „Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027“ за мерката во кои се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за изготвување на барање за финансиска поддршка ИПАРД Програмата 2021-2027, Упатство за изготвување на Деловен План / Технички Предлог Проект, Упатства за издавање на неопходната документација од надлежните институции и останати корисни информации во електронска верзија може да се превземат на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.

6.       Начин на поднесување на барањето:

Корисникот треба да пополни и поднесе Барање за користење средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 за мерката, Деловен План изработен согласно Упатството за изработка на Деловен План или Технички предлог проект и придружна документација како што е наведена во овој Јавен Повик.

Пополнетото Барање за користење средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 заедно со Деловниот план/Техничкиот предлог проект и целокупната потребна документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен оглас ИПАРД 2021-2027 број 02/2024 и назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата.

По завршување на инвестицијата, корисникот е должен да достави до Агенцијата барање за исплата во рок утврден во Договорот за за финансиска поддршка.

Барање за исплата е унифициран образец кој што крајните корисници го добиваат при потпишување на договорот, за мерка 7. Барањата за исплата исто така ќе бидат достапни за подигнување во просториите на Агенцијата и од веб страната www.ipardpa.gov.mk.

Напомена: Заради извршувањето на контролата на терен од страна на Агенцијатa потребно е корисникот да има кај себе копии од целокупната документација доставена до Агенцијата.

Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Прочитајте

Илинден: Министерот Тошковски во посета на општината

0
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. На средбата се разговараше за актуелни теми во однос...