spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Во Собранието усвоена Фискалната стратегија 2025-2029

МФ: Во Собранието усвоена Фискалната стратегија 2025-2029

Фискалната стратгија за период 2025-2029 година, која претставува документ во кој се презентираат претпоставките за макроекономските проекции и насоките на фискалната политика за тековната и за следните пет години денеска е усвоена во Собранието. Целите на Фискалната стратегија ги презентираше заменик-минитерот за финансии Николче Јанкуловски.

„Фискалната политика во периодот 2025-2029 година ќе биде насочена кон подобрување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност преку постепена фискална консолидација, подобрување на управувањето на јавните финансии и одржување на високо ниво на капитални расходи. Исто така, ќе се преземат мерки за фискална консолидација со цел постигнување на умерено ниво на задолженост„ рече Јанкуловски.

Тој додаде дека во неа се опфатени среднорочните насоки и цели на фискалната политика, основните макроекономски проекции, износите за главните категории проценети приходи и расходи, проекциите за буџетскиот дефицит и долгот, лимитите на буџетските расходи, како и проекциите на среден рок за локалната власт и јавните претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост.

При тоа потенцира дека очекуваните резултати се однесуваат на водење активна и одговорна фискална политика во функција на економски раст, со постигнување на нумеричките фискални правила, дисциплинирана буџетска потрошувачка преку ефикасно искористување на средствата и реализирање на зголемени перформанси од работењето со подобрен квалитет на јавните услуги и дигитализација на услугите од јавниот сектор, продолжување кон натамошна консолидација, оптимизирање на јавните приходи и расходи со постепено намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, поттикнување на економската активност преку капиталните расходи и инфраструктурните инвестиции, реализацијата на капиталните расходи и инфраструктурните проекти во приоритетните области, во согласност со владините политики, кои ќе генерираат позитивни ефекти врз економскиот раст на среден рок, како  и зачувувањето на макроекономската стабилност и фискалната одржливост што ќе создаде поповолни услови за динамизирање на економската активност.

„Со Фискалната стратегија се предвидува етапна фискална консолидација, пришто буџетскиот дефицит е намален како процентуално учество во БДП и тоа од 4,9% во 2024 година, на 2,8% во 2029 година. При тоа фискалната политика ќе биде насочена кон создавање предуслови за нов цикулус на економски раст обезбедување значително ниво на јавни инвестиции коишто се основа за подобрување на економските перспективи, како и подобар живот на граѓаните. Среднорочните фискални проекции имаат силна развојна компонента, со значајно учество на капиталните расходи со околу 5% во БДП на годишно ниво и претставуваат клучни елементи на јавните финансии, истакна Јанкуловски.

Фискалната стратегија е подготвена врз основа на Изјавата за фискална политика 2024-2028 година, која Владата ја донесе во септември 2024 година, а согласно Законот за буџети.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...