spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЗП на Владата за политички систем, Димовски оствари средба со амбасадорот на...

ЗП на Владата за политички систем, Димовски оствари средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија, Дрекслер

Заменикот претседател на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски денес оствари работна средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер. На средбата, беа разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, со посебен акцент на билатералните односи меѓу двете земји. Исто така беше потенцирано дека имплементацијата на стратешките проекти подразбира зајакнување на суверенитетот на земјата, но и на ЕУ, особено заради интеграција на регионот во целина.

Сојузна Република Германија во континуитет го поддржува процесот на пристапување на РСМ кон Европската Унија. Со текот на годините се еден континуитет на блиско пријателство и соработка помеѓу двете земји кое сакаме да продолжи и во иднина и сите билатерални проблеми да се решаваат преку дијалог.

Заменикот претседател на Владата, Димовски изрази благодарност за досегашната поддршка од Сојузна Република Германија нагласувајќи ја потребата од интензивирање на  соработката меѓу двете земји.

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...