spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаПолитиките на досегашните власти го водат во пропаст македонскиот земјоделец

Политиките на досегашните власти го водат во пропаст македонскиот земјоделец

Ако во 80-тите години на минатиот век, во поранешниот социјалистички самоуправен систем, вработените во земјоделскиот сектор и рибарство, заработувале, односно нивниот личен доход бил само 5% помал од просечниот – денес, 40 години подоцна, вработените во овој сектор се платени дури 21% помалку од просекот.

 

Денес се најмалку платени тие кои ја произведуваат храната која ја јадеме секој ден.

 

Овие статистички податоци објавени од Finance Think, го докажуваат тоа што ние како партија го тврдиме подолго време дека неолибералниот капитализам на досегашните корумпирани власти, делува уништувачки врз домашното производството на храна, како и на намалување на вработените во овој сектор.

 

Ваквата состојба долгорочно ќе доведе до сѐ поголема зависност од увоз на храна и исчезнување на обработливите земјоделски површини и воопшто земјоделието како фундаментална гранка.

 

Со што земјоделците го заслужија овој третман, ова омаловажување од досегашните власти?!

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

МЕП: Муртезани во ЕП на средби со европратениците Ројтен и Тонин

0
Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, на првиот ден од работната посета на Брисел, оствари средби со европратениците Тајс Ројтен...