spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТ: Поедноставна постапка за градење на училишта, градинки, амбуланти, болници и катни...

МТ: Поедноставна постапка за градење на училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи кои се во 100 % сопственост на општини и државата

Училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи кои се во 100 проценти сопственост на општини и државата ќе можат да се градат во поедноставна постапка и за нив да не се плаќаат комуналии. Ова го овозможувме со измени во Законот за урбанистичко планирање и  Законот за градење, истакна вчера заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на средбата со раководството на ЗЕЛС.

На овој начин помагаме да се развиваат општините и помагаме во бројни проблеми на граѓаните во делот на згрижување, образованието, здравствената заштита и проблемите со паркирањето, истакна министерот Николоски.  

“Нашата цел е да има рaзвој на општините, да имаат подобри услуги за граѓаните, да се насочени кон граѓаните и да бидат во подобра финансиска кондиција. Постојат и други предизвици во следниот период што ќе ги решаваме, пред се во закони што се поврзани со директното функционирање со општните и затоа и како министер и како потпрестедател на Влада сум на располагање да имаме добра соработка. На средбата исто така разговараме и за проектот кој е тековен, а тоа се средствата кои Владата ги обезбеди во општините за капитални проекти и тоа преку 80 проценти се преку Министерството за транспорт. Најаувам за следната година дополнителни 250 милиони евра исто така за инфраструктурни проекти  за општините, а такви проекти ќе има и во годините што следуваат”- изјави министерот Николоски. 

Претседателот на ЗЕЛС; Орце Ѓорѓиевски истакна дека оваа иницијатива била произлезена од ЗЕЛС, а поддржана и реализирана во соработка со мнистерството.

“Практично со овие измени решаваме повеќедецениски проблеми на општините, кои досега не можеа да ги реализираат и да бидат ефективни бројни проекти. Го надминавме моментот од ослободување од комуналии, од причина што скопските општини со месеци наназад имавме проблем, со месеци чекавме објектите од јавен карактер да ни бидат ослободени од комуналии. Сега тоа е минато и сега сме целосно функционални”-изјави Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС.

На средбата беше договорено да се формираат работни групи со цел да се направат измени и во Законот за експропријација, за да им се овозможи на општините поефикасна релализација на капиталните проекти. 

Извор: Министерство за транспорт

Прочитајте

Бутел: Општина на сите граѓани

0
“Секогаш сум тука кога е потребно за нашиот народ. Овој немил настан којшто се случи пред неколку дена во населбата Бутел 1 на улицата...